Отворен ден за идни првачиња во рамки на проектот од МОН
Заедничка грижа за правилно насочување на учениците
На 15.04.2016г. во Училиштето се организира и реализира Отворен ден за идни првачиња и нивните родители. По тој повод психологот и педагогот на Училиштето организираа корисно предавање на тема: Подготовки на идни првачиња за училишниот живот и презентација на Училиштето и успесите остварени во него. На овој настан предходеше известување на сите родители и деца преку јавно соопштение истакнато на градинката „Ангел Шајче“, клон „Пчелка“ и на сите врати од Училиштето. Учениците и родителите беа примени во една пријатна атмосфера исполнета со детска музика, презентација со слики од училишниот живот и насмевка за добредојде од стручната служба. На Отворениот ден присуствуваа околу 40 родители и нивни деца и на истите им беа кажани корисни совети како да ги подготват своите деца за првите училишни денови. Родителите беа видно возбудени и среќни за една ваква помош, бидејќи самото советување и првиот контакт со вработените на Училиштето и нив као родители ги охрабри. Идните првачиња уживаа во училишната атмосфера, играа, пееја, разгледуваа и за сė се интересираа. Педагогот и психологот ги прошетаа во Училиштето, им ја покажаа просторијата каде ќе се запишат нивните деца, ширум ги отворија вратите на училниците за првачињата, ја посетија и спортската сама и дворот. Родителите се интересираа за периодот на запишување на нивните деца, за идните учителки, за сменското работење и сите информации им беа дадени. Отворен ден за идните првачиња се покажа како многу корисна практика која ООУ,,Кочо Рацин“ ќе продолжи да ја применува.
Одговорни беа психологот Кети Берјановиќ Доцевска и педагогот Сунчица Арсовска
С О О П Ш Т Е Н И Е
за упис на деца во прво одделение во учебна 2016/2017 год. во ООУ „Кочо Рацин“ Куманово