По добивањето на малиот гранд од проектот за Мултиетничка интеграција во образованието беа испланирани две работилници со заеднички активнос-ти од страна на ученици од V1 одделение од ООУ,,Кочо Рацин” и ученици од V2 одделение од партнер училиштето ,,Наим Фрашери’’. Работилниците беа насловени како ,,Осмомартовски’’ за кои претходеа неколку заеднички, договорно-организирачки средби од страна на наставниците реализатори на истите, Оливера Шутевска од ООУ,,Кочо Рацин” и Линдита Џеладини од ООУ,,Наим Фрашери”. Првата договорна средба беше остварена на 23 февруари 2016 год. во 11 часот и 45 минути во ООУ,,Наим Фрашери” од страна на одделенскиот наставник Оливера Шутевска од ООУ,,Кочо Рацин” и одделенскиот наставник Линдита Џеладини од ООУ,,Наим Фрашери” во присуство на педагошко-психолошката служба од ООУ,,Наим Фрашери”. На оваа средба беа испланирани активностите за учениците, изработка на осмомартовски честитки и изработка на осмомартовски ланчиња од солено тесто, за кои двете наставнички предвидеа две заеднички работилници за изработка на творбите и една заедничка посета на 8 март во домот за стари лица ,,Зафир Сајто” каде на сите жени штитенички на домот ќе им подарат по една своерачно изработена честитка и ќе им го честитаат празникот со желби за добро здравје и долг живот. Беше одреден датумот и местото за реализација на работилниците и тоа за првата работилница на 1 март 2016 год. во 13 часот и 30 минути во ООУ,,Наим Фрашери”, а за втората работилница на 7 март 2016 год. во 13 часот и 30 минути во ООУ,,Кочо Рацин”. Исто така беше одреден и бројот на учесници по 8 девојчиња и 8 момчиња од двете основни училишта. Втората средба беше закажана од страна на двете наставнички за 29 февруари 2016 год. во 9 часот во книжарницата ,,Глобус”. На закажаниот термин на 29.февруари во 9 часот двете наставнички Оливера и Линдита се сретнаа во книжарницата ,,Глобус” каде го набавија потребниот материјал за работа.
На 1 март 2016 год. учениците од ООУ,,Кочо Рацин” со организиран превоз од страна на училиштето пристигнаа во договореното време во 13 часот и 30 минути во училиштето ,,Наим Фрашери”. Работилницата беше реализирана во училницата на V2одд. од страна на учениците од двете училишта под раководство на одделенските наставници Линдита Џеладини и Оливера Шутевска, а во присуство на директорот на ООУ,,Наим Фрашери”, г-н Мухамет Зеќири и педагошко-психолошката служба од ООУ,,Кочо Рацин”, Владица Наковска и Сунчица Арсовска.
На 7 март 2016 год. учениците од ООУ,,Наим Фрашери”со организиран превоз пристигнаа во договореното време во 13 часот и 30 минути во училиштето ,,Кочо Рацин”. Активностите предвидени за оваа работилница се реализираа во училницата на V1одд. од страна на учениците од двете училишта под раководство на одделенските наставници Линдита Џеладини и Оливера Шутевска, а во присуство на претставници од USAID, директорот на ООУ,,Кочо Рацин” г-ѓа Лидија Пешевска и педагошко-психолошката служба при училиштето.
На 8 март 2016 год. учениците од двете училишта заедно со своите наставнички ги посетија штитеничките од домот за стари лица ,,Зафир Сајто” при што им приредија скромна приредба и им дарија по една честитка изработена на заедничките работилници. Притоа децата успејаа кај старите лица да ги разбрануваат емоциите кои предизвикаа насмевки на нивните лица, но и по некоја солза радосница во нивните очи.