,,Од талент до успех” е училишен проект кој денеска, по повод Денот на училиштето, го реализираа учениците од ликовната секција ,,Ван Гог”! Проектот цела година беше координиран од страна на Весна Тодоровска, Далибор Јовановски и Ивана Ѓорѓиевска, а денеска беше завршната фаза – продажна ликовна изложба. Целта на проектот беше да се охрабрат талентираните ученици и да го доживеат својот успех при продавање на сопствени ликовни дела. Браво за вложениот труд на сите наставници и ученици!
Продажната изложба ќе биде отворена до крајот на учебната година!
Благодарност до претставници на ,,Лајонс клуб” и ,,Ротари клуб” кои го збогатија овој нстан со нивното присуство!