Новогодишен базар
По повод новогодишнте и божиќните празници во нашето училиште на ден 24.12.2015 год.во 17часот во холот на училиштето, се одржа новогодишен базар.
Носители на новогодишниот базар беа ученици,наставници и родители од вторите и четвртите одделенија,при што имаа за цел да подготват во што поголем број на украси, честитки, предмети како и слатки и солени изработки со новогодишен дизајн, кои беа со задоволство поставени на штандовите во училиштето и успешно продадени истите на базарот.
Базарот беше посетен од страна на многу посетители не само родители,ученици и наставници ,туку и посетители од локаното население кое живее блиску до училиштето. Базарот беше и медиумски поткрепен од страна на локалната телевизија К-3, радио,, Браво” и интернет порталот Kumanovonews.
Сите беа во прекрасно предновогодишно расположение, што претставуваше задоволство да се присуствува на ваков тип на организација која ги зближува сите генерации и ја развива комуникацијата на едно високо ниво меѓу:наставник-ученик-родител.
Средствата соберени од новогодишниот базар ќе бидат наменети за потребите на училиштето.
Координатори на базарот: Ирена Анастасовска и Љиљана Павловиќ-Скрчевска