По повод Недела на стари лица, ученици од нашето училиште им подготвија изненадување на старите лица- штитеници на Дом за стари лица ,,Зафир Сајто”.
35 ученици од 4 одд. со нивниот учителки и педагогот Сашка Стаменковска со рецитал, ритмичка точка, песна, игра им ги развеселија лицата и им го направија денот посебен на старите. Браво за учениците кои за оваа пригода изработија и прекрасни хамери, со преубави пораки.