Меѓународниот натпревар по англиски јазик HIPPO
Меѓународниот натпревар по англиски јазик HIPPO 2016 годинава се одржува по четврти пат на 21.03.2016 во повеќе европски држави: Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Албанија и Македонија, и за прв пат во Русија и Романија. Натпреварот е во организација на Global Input и Global Hippo Association и поддржан е од страна на престижната британска издавачка куќа Pearson. Учениците може да се натпреваруваат во вкупно 5 категории, од кои само три категории се за учениците од четврто до деветто одделение, и тоа: HIPPO 1 (за ученици од IV, V и VI одделение), HIPPO 2 (за учениците од VII одделение) и HIPPO3 (за учениците од VIII и IX).
Минатата година учествуваа над 11 000 учесници од кои само 68 ученици учествуваа во финалето кое се одржа на 09. и10.05.2015 во Лидо ди Јесоло во Италија. Во финалето учествуваше и нашиот ученик Матеј Серафимовски од VI-3 паралелка под менторство на Анита Димовска, којшто со освоено 10-то место во својата HIPPO 1 категорија достојно го претстави нашето училиште и општина Куманово на меѓународно ниво.
Оваа година на натпреварот учествуваа 73 ученици од нашето училиште во три категории, и првиот круг од истиот беше беспрекорно реализиран на 05.03.2016 (сабота) во пет училници со вкупно шест наставници по англиски јазик кои беа одговорни за организацијата и реализацијата на натпреварот – Лидија Атанасовска, Соња Коцевска, Габриела Арсовска, Ивана Банчкоковска, Афродита Стојанова- Крстевска и Анита Димовска.
Вкупно 13 ученици се пласираа во полуфиналето на натпреварот кое ќе биде одржано на 02.04.2014 на државно ниво. Нашето е единствено општинско основно училиште од Општина Куманово кое учествува на натпреварот оваа година со забележителни резултати и вкупно 13 полуфиналисти. Полуфиналисти се четири ученици во HIPPO 1 категорија: Лука Томовски (V-1) под менторство на Афродита Стојанова-Крстевска, Теодор Марковски (VI-1), Тодор Петрушевски (VI-4) и Леонтин Илијевски (VI-1) под менторство на Соња Коцевска. Полуфиналисти во HIPPO 2 категорија се четири ученици: Анастазија Крстевска (VII-2), Никола Јордановски (VII-1), Дени Наковска (VII-3), и Анастасија Бошковска (VII-3) под менторство на Анита Димовска, додека полуфиналисти во HIPPO 3 категорија се Сара Конин (VIII-4) и Ива Петковиќ (VIII-4) под менторство на Ивана Банчоковска и Марта Бошковска (IX-4), Мила Андоновиќ (IX-1) и Драгана Дамјановска (IX-4) под менторство на Лидија Атанасовска. Финалето на натпреварот ќе биде одржано на 14 и 15 мај во Лидо ди Јесоло во Италија.
Координатор на натпреварот
Анита Димовска