Месец на книгата во ООУ „Кочо Рацин“ – Куманово

По повод Месец на книгата, секоја година Градската библиотека ,,Тане Георгиевски” – Куманово, традиционално организира и реализира завршна манифестација како  заокружување на предходните едномесечни активности од страна на библиотеката, која и овојпат распиша литературен и ликовен конкурс на ниво на меѓучилиштен конкурс. Оваа учебна 2015/16 година учениците имаа за задача  да творат на тема ,,Настан за книга”. Нашето Училиште беше избрано да биде  домаќин на оваа манифестација, а на ниво на Стручниот актив по македонски јазик беше одлучено за реализацијата да бидат одговорни Маја Стојановска, Весна Тодоровска наставници по македонски јазик, Ивана Ѓорѓиевска, библиотекар и Далибор Јовановски наставник по ликовно образование.Со оглед на фактот дека подолго време ООУ ,,Кочо Рацин”  е вклучено во МИО Проектот и e  Партнер училиште со ООУ ,,Наим Фрашери”-Куманово,  а и раководени од  проектот на  МОН, „Заедничка грижа за правилно насочување  на учениците“ повеќето активности на манифестацијата беа заеднички реализирани со учениците и одговорните наставници од партнер училиште.На тема ,,Другарството не познава граници” учениците од двете училишта пишуваа под менторство на своите наставници по македонски и албански јазик.По добиените стихови по   неколку заеднички средби  беше договорено за заедничката песна ,,Другарството не познава граници” да се направи музичка композиција и аранжман  во Музичкото студио ,,Серафимовски”. Шест ученика (три од ООУ,,Кочо Рацин” и три од ООУ ,,Наим Фрашери”)  беа во музичкото студио неколку пати,  за да ја снимаат песната која стана химна на двете училишта. Химната ,,Другарството не познава граници“ учениците премиерно ја испејаа на завршната манифестација. Беше реализиран и заедничкиот проект ,,Прочитав јас, прочитај ти!”. Ученици од двете училишта беа во посета на Градската библиотека, а на завршната манифестација имаше поставено штанд на кој беа изложени книги подарени од МОН, а учениците имаа можност да бидат поблиску со писателите Христо Петревски (македонски поет)  и Фејзи Бојку (албански поет), кои одговараа на поставените прашања. Внатрешноста на училиштето беше декорирана со  двојазични натписи (албански и македонски јазик). За аранжирањето на училишниот простор се погрижија библиотекарката и наставникот по ликовно образование заедно со учениците библиотекари.

Одговорен наставник Маја Стојановска

 DSCN2986_1400x1050  DSCN2984_1400x1050  DSCN2991_1400x1050
 
 DSCN2974_1400x1050  
 DSCN2812_1400x1050  DSCN2951_1400x1050 11 (54)_800x600
12208407_1083098361703078_3987323951597137688_n_1400x1050  12072571_1083097638369817_5154459523920790323_n_1400x1050
DSCN3009_1400x1050
 11 (53)_800x600
DSCN2878_800x600 DSCN3659_800x600
 DSCN2783_800x600
 DSCN2803_800x600
DSCN2707_800x600
 
11 (57)_800x600
11 (55)_800x600
DSCN3673_800x600