Менторска средба за МИО проект реализиран во ООУ „Кочо Рацин“ – Куманово
На ден 19.02.2016г. во нашето училиште се одржа менторска средба од областа за Меѓуетничка интеграција во образование на тема – Сертификација на членови од СИТ како и наставници во училиштето.На средбата присуствуваа членови на СИТ од повеќе македонски како и албански училишта од нашиот град,каде заедно со предавачите на менторската средба ги разгледавме потребните формулари за сертифицирање кои се потребни. Целата средба беше насочена кон слободни дискусии како и размена на искуства меѓу училиштата како тече начинот на сертифицирање на наставниците. По споделените искуства од присутните, се разговараше и за други активности, кои ќе следат во иднина поврзани со меѓуетничкиот развој т.е интеграцијата во образовниот систем. На средбата од страна на предавачите беа презентирани неколку видео клипови кои беа анимирани со звук и слика и на кои беа претставени активности кои меѓу другите треба да бидат застапени и од ваков тип за подигање на повисок степен на интегрираност во меѓуетничкиот образовен процес. Средбата заврши со доста позитивни коментари од присутните, при што се чувствуваше позитивна клима со присутност на ентузијазам кај истите дека ќе имаме голем број наставници кои ќе се сертифицираат и заедничките соработки со партнер училиштата ќе бидат подигнати во иднина на едно повисоко и поуспешно ниво.
Изработил: Член на СИТ Ирена Анастасовска