Тим на граѓанската асоцијација„ Ајде Македонија!“ на 28.09.2016г. го посети нашето училиште и пред 40 ученици одржа едукативно предавање за здрава и чиста околина и за справување со отпад. Тимот беше презадоволен од хигиената во Училиштето и дворот и донира потрошен материјал за собирање на отпад.
На 30.09.2016г., учениците од нашето училиште масовно се вклучија со низа активност организирани по повод “Ајде Македонија! Македонија без отпад!“. Беа напишани транспаренти, беше соберен отпад по големиот одмор во двете смени и селектиран,беше направена обиколка на и вон училишниот двор, во контејнерот „Џери“ беше фрлена пластична анбалажа, а дел од учениците донесоа и електонски непотребни уреди и ги складираа во контејнерот за таа намена. Акцијата беше масовно прифатена од учениците и успешно завршена!

14462801_1163197653718741_3494911496216719729_ndscn073614563573_1169355343102972_2437149995621630703_n 14446089_1163515097020330_1661267682365595987_n14502770_1163515657020274_383899610707108071_n14433082_1163192317052608_8144324011026424133_n dscn0767_1024x768dscn0752_1024x768dscn0771_1024x768