Литературно – ликовен конкурс спроведен во двете училишта на тема „Другарството не познава граници“
Конкурсот беше распишан од училишната библиотека „Фиданка“ по повод Ден на Училиштето и беше реализиран во двете партнер училишта. Авторите на најуспешните литературни и ликовни творби учествуваа во работилница за изработка на плакат. Учениците се поделија во групи по четворица. Групата беше составена од мешани ученици и по етнички состав и по тоа кој во каков конкурс учествувал (двајца ученици од партнер училиште-еден учесник во ликовен, еден во литературен конкурс и двајца од училиште-домаќин- еден учесник во ликовен, еден во литературен конкурс). За да биде поделбата објективна на учениците им се поделија бонбони во пет бои ставени во пет чинии со иста боја за да биде поинтересно и исчекувачки. Поделбата на учениците беше направена со ждребка и тогаш им се објасни дека учениците со иста боја ќе работат како тим (црвен тим, зелен тим, портокалов тим, кафеав тим и виолетов тим) Секоја група т се договори и осмисли дизајн (текстуален и сликовен) на еден плакат со кој би ги претставила своите позитивни искуства од мултикултурниот ликовен и литературен конкурс спроведен и во двете училишта на тема ,,Другарството не познава граници”. Реализаторите им ги дадоа нивните цртежи направени за ликовниот конкурс, поетски творни творени на литературниот конкурс, а преведени на два јазика и им објаснија дека колку што поконкретни ќе бидат плакатите, толку поголем ефект ќе имаат. На тимовите им се дадоа мисли преведени на двата јазика како материјал кој треба да им послужи при изработка на плакатот. Од мислите требаа да изберат една и да ја напишат на два јазика. Им се дадоа хамери во боја како што се боите на нивните тимови и друг потребен материјал, молив, гума, ножички, фломастери, маркери и сл. Бидејќи плакатот треба да се осмисли (да се испланира) и веднш да се реализира (да се направи) нa учениците им се напоменува дека треба да ги опфатат следниве активности: избор на текстот (мисла која ќе ја напишат на двата јазика),искористување на нивни сопствени цртежи, творби и мисли и осмислување начин на кои ќе бидат прикажани (преку цртање и боење, и/или правење колажи од исечоци од творбите и мислите и сл.), планирање каде би биле поставени текстовите и сликите на хамерот.На крајот пет групи се договорија кој хамер каде ќе стои на паното (најдобро според боите на виножитото) и му наоѓаат соодветно место во медијатека каде што ќе биде одржано и поетското читање.
На крај учениците кои соработуваа во тимовите си ги разменија лирските творби со цел да го увежбат преводот кои тие ќе го читат на литературното читање од лирската песна на своето другарче.
За крај на својот плакат секој ученик запишува само еден збор кој ќе го одреди чувството кое го следело ученикот во текот на активоста.И наставниците на пано ги запиша своите импресии од часот. Одговорни наставници: Ивана Ѓорѓиевска, Исмаил Билали, Далибор Јовановски, Башким Ќерими.