“Представување на културни и религијски разлики и сличности кај венчавки и најголемите верски празници во двете религии (Бајрам, Рамазан, Велигден и Божиќ)“
На 17.02.2016 одржана е заедничка работилница со партнер училиште ООУ “Наим Фрашери“ во рамките на проектот Мултиетничка интеграција во основно обвразование на тема “Представување на културни и религијски разлики и сличности кај венчавки и најголемите верски празници во двете религии (Бајрам, Рамазан, Велигден и Божиќ)“
Workshop : Joined activity on presenting cultural and religious differences and similarities considering weddings and most important religious celebrations with both religions (Bajram, Ramadan, Easter and Christmas)
Во работилницата зедоа учество 6 ученици од “ООУ“ Наим Фрашери со наставникот по англиски јазик Шќипе Сулејмани и 6 ученици од ООУ “Кочо Рацин“ со наставникот по англиски јазик Лидија Атанасовска. Во реализација на работилницата беше земена во предвид застапеноста на половата структура на учениците. (по 3 машки и 3 девојчиња од двете училишта) Работилницата беше реализирана на англиски јазик со повремено присуство на македонски и албански јазик.
Воведната активност се состоеше со додавање на мало топче еден на друг за подобро запознавање. Откако си ги кажаа имињата, во мешани парови, од двете училишта, ги презентираа своите истражувања на темата свадбени обичаи кај двете култури и за најголемите празници во православната и муслиманската религија. Презентацијата беше на англиски јазик.
Како завршна активност и финален продукт од заедничката работилница беше секој учесник да си избере цитат за брак кажани од познати луѓе, а потоа истите да ги преведат на македонски и на албански јазик. Откако го сторија тоа, ги залепија на хамер и си ги напишаа своите имиња, Исто така, ги запишаа и своите чувства кои произлегоа од заедничката работилница кои, пак, беа преведени на македонски и на албански јазик.
За крај, учеството во заедничката работилница, и учениците и наставниците, го уприличија со дланка “потпишување“ на поставката во холот во училиштето.
Одговорен наставник: Лидија Атанасовска