Работилница млади библиотекари за изработка на поставка (книга) со македонски и албански лектирни наслови

Се формираа  2 група од по 6 ученици (1 машки, 5 женски-сите членови на млади библиотекари) и група од ученици од ООУ,,Наим Фрашери кои доаѓаа два пати во заедничка работилница. Една група доаѓаше пред часови, а друга група после часови за да бидат заедно вклучени во активноста. Заедно се дефинираа целите на активноста, учениците се подготвија  за задачата и се определи финалниот продукт- поставка-книга од лектирни наслови. За поставката ни беа потребни:лесенит, коноп, лепак, ножици,силикон  и апарат за лепење со силикон, маркери, молив, гума, листови, цветови од листови, шрафови.

Наставникот откако им ја објасни задачата на учениците и им ги наведе материјалите со кои располага, настапи бура од идеи од страна на учениците како да изгледа поставката, кои на крај се преточува во заедничка идеја.Дополнително се набави потребен материјал, листови од дворот и спонтано се дополни почетнта идеја со цветови од есенки листови кои се изработија од самите ученици. На лесонит со димензии 160см*120см најпрвин два ученика нацртаа отворена книга со две големи страници. Други два ученика книгата ја обложија со коноп кој се лепи за лесонит со помош на апартаче за силикон. На долниот дел од книгата неколку пати се повторија страниците за да се добие поголем впечаток дека книгата е дебела и има повеќе страни.Два ученика ги поделија страниците на редови и сметаа колку наслови можат да се напишат.Два ученика избраа најпопуларни наслови од лектири од двата јазика и дадоа сугестија тие да се напишат како најпознати за сите ученици.Надарен ученик ги напиша насловите на книгите, на лева страна наслови на македонски јазик, а на десна наслови на албански јазик.Повеќе ученици со црни маркери им дадоа волумен на буквите и поголема вечатливост.При пишувањето на насловите учениците ја согледаа разликата во азбуките и се обидоа да читат на албански јазик. Декорирањето продолжи со лепење на есенски листови ( најсоодветна декорација според временските услови) и правење на цветови од листови, нивно прцврстување за лесонитот. На есенските листови беа напишани и специфичните букви на албански јазик  како што се: ç/dh/ë/gj/sh/ zh и беа ставени на централно место од поставката. Активноста траеше 8 часа.Откако поставката беше завршена се закачи на едно од паноата во холот на училштето за да послужи како доминантна игонографија по повод Центарлната манифестација на Градската библиотека за Месец на книгата, потоа на манифестацијата Прочитав јас-прочитај и ти!  и за поетското читање. Сите овие активности да се реализираа со учениците од партнер училиштето.

Одговорни наставници Ивана Ѓорѓиевска, Далибор Јовановски и Башким Ќерими.