Изработка на новогодишна честитка

На 18.12.2015 год. во просториите на ООУ „Кочо Рацин“ се оддржаа две работилници за изработка на новогодишни честитки. Наставници од двата наставни јазици формираа група од 12 ученици кои покажаа особен интерес за ликовно изразување и творење. Одговорните наставници Биљана Ивановска и Светлана Кузмановска со своите колеги од ООУ „Наим Фрашери“ организираа две посебни работилници на кои во мешани групи беа изработени прекрасни новогодишни честитки. Готовите новогодишни честитки беа изложени на одделна маса за да може сите учесници да ги видат. Претставници од групата од двата наставни јазици накусо го презентираа сработеното пред другите. Со учениците се разговараше какви честитки може да се изработат и на кого можеме да ги подариме.