Играме кошарка

На 23.02.2016 одржана е заедничка работилница  со партнер училиште ООУ “Наим Фрашери“ во рамките на проектот Мултиетничка интеграција во основно обвразование на тема „Играме кошарка“.

Наставниците  ги запознаа учениците со поздравите на двата јазика. Активноста започна со игра за запознавање на учениците. Секој ученик го кажа името и направи додавање кон друг ученик на јазик одбран од самиот ученик. Другите ученици го повторија додавањето, сė додека секој ученик не го кажа своето име. На подот во салата беа ставени 5 кошаркарски топки и 5 ракометарски топки. Учениците од училиште-гостин прво одбраа топка и се поделија во две колони, истата постапка се повтори и со учениците од училиштето-домаќин. Учениците кои одбраа кошаркарски топки прават екипа и заедно смислија име на екипата, истата постапка важи и за учениците кои одбрале ракометарска топка. Учениците од двете училишта си ги менуваат дресовите во зависност кој во која екипа припаѓа. Наставниците влечеа ждребка со која се одредува кој на која екипа ќе биде тренер. На хамер направен во вид на записник (направен на два јазика) учениците ги запишуваа своите имиња на двата јазика. Наставниците наизменично поставуваа прашања со цел да одредат кој ученик на која позиција би играл, а учениците сами се договараа и одредија кој ќе биде во прва постава, кој резерва, а кој капитен. Од учениците се бараше да донесат правила на однесување во текот на играта. Учениците ги предлагаа правилата и ги почитуваа во текот на активоста.

Учениците започнаа да играат во мешани екипи. Додека траеше играта судија е друг наставник по физичко образование. Наставниците ја набљудуваа играта и наизменично ги пуштаа другите ученици од нивната екипа да играат. На тој начин во активноста учествуваа сите ученици и даваа придонес нивната екипа да биде што може подобра. Учениците кои остнаа на клупа како резерва продолжија да го водат записникот.

Кога играта заврши се истакна записникот на прегледно место и се определи најдобриот поентер. Сите ученици спортски му честитаа и сите меѓусебно спортски се поздравија. Изјава за печат формулираа и двете екипи на двата јазика, а капитените ја изјавија пред медиумите. На крај судијата и на двата најдобри поентери од двете екипи им додели пехар.

Одговорен наставник: Грозде Спасовски

DSCN5318_800x600 DSCN5314_800x600 DSCN5306_800x600
DSCN5186_800x600 DSCN5160_800x600 DSCN5333_800x600
DSCN5331_800x600 DSCN5327_800x600 DSCN5323_800x600
DSCN5163_800x600 DSCN5182_800x600  
DSCN5260_800x600