Заедничка химна – Другарството не познава граници

Училишната библиотека Фиданка распиша конкурс во двете партнер училишта. На тема ,,Другарството не познава граници” учениците од двете училишта пишуваа под менторство на своите наставници по македонски и албански јазик. По добиените стихови по   неколку заеднички средби  беше договорено за заедничката песна ,,Другарството не познава граници” да се направи музичка композиција и аранжман  во музичкото студио ,,Серафимовски” чиј раководител е татко на наша ученичка Мила Серафимовска . Избраните  ученици прво ги составија стиховите  на заедничката химна. Шест ученика( три од ООУ,,Кочо Рацин” и три од ООУ ,,Наим Фрашери”)  беа во музичкото студио неколку пати,  за да ја снимаат песната која стана химна на двете училишта. Химната ,,Другарството не познава граници “ учениците премиерно ја испејаа на завршната манифестација, а потоа беше пуштана на сите заеднички манифестации. Одговорни наставници Маја Стојановска и Фросина Додевска.