Заедничка точка – рецитал по повод Денот на Училиштето
На ден 27.11.2015 год. во холот на училиштето се изведе заеднички рецитал со учениците од ООУ„Кочо Рацин“ и партнер училиштето ООУ„Наим Фрашери“ по повод Денот на Училиштето. Во рециталот учествуваа по 4 ученика од двете училишта по 2 женски и 2 машки, вкупно 8 ученика.За рециталот беа одбрани стихови од поетите Кочо Рацин и Наим Фрашери кои беа преведени на двата јазика.Учениците читаа наизменично на македонски и албански јазик (исти стихови).Рециталот беше поздравен со громогласен аплауз од публиката што кажува за неговата успешност. На рециталот кој беше изведен на приредбата по повод Патрониот празник им претходеа повеќе средби на кои учениците заеднички се подготвуваа за завршната приредба, но и уживаа во меѓусебните дружења. Одговорни наставници беа: Тања Стоилковиќ и Недиме Рахими.