Заедничка точка – народни ора по повод Денот на Училиштето
Играорните секции од двете партнер училишта се договорија да ги изведат најпознатите традиционални ора: македонско оро -Пајдушко оро и албанско оро- Шота. Учениците заедно со своите ментори на 9 заеднички работилници ги вежбаа двете кореографии во мешани групи. Во соработка со културно- уметничките друштва ,,Барјам Шабани” и ,,Срма” беа набавени народни носии. Менторите ја снимија музиката за мешаните ора на ЦД. Изведбата на ората беше највпечатлива почка на Денот на Училиштето, а задоволството беше големо и за двете групи. Одговорни наставници беа: Александар Атанасовски и Енвер Латифи.