ИЗВЕШТАЈ ОД РЕАЛИЗИРАНАТА ЗАЕДНИЧКА ГРАДИНА
ОД УЧЕБНАТА 2015-2016Г. 

Во месецот февруари 08.02.2016г, беше свикан состанок со родтели од сите паралелки, по три претставника за договор за заедничката градина. Родителите ги запознав за проектот од МОН за заедничка грижа за правилно насочување на учениците. Ги запознав  со програмските содржини како да направиме зедничка градина. На 15. 02. 2016г. Беше свикан состанок со родителите кадре ги запознав со тоа како да ја реализираме заедничката градина. Што ќе правиме и како ќе реализираме. Родителите се согласија за активно учество. На 19.2.2016г. Се состанавме со родителите за да го определиме местото каде ќе ја реализираме градината. Се договоривме да биде во предниот дел од дворот од десната страна на главниот влез. На 20.02.2016г.  Се состанавме и определивме градината да ја направиме од стари гуми од автомобили кои ќе ги исфарбаме со спреј во разни бои. Еден родител се согласи да ги исфарба а друг да донесе расад од јагоди. На 09.03. 2016 г. се состанавме и ги набавивме гумите и бопи со кои ќе ги шприцаме гумите.Ги наредивме гумите и ги исприцавме со спрееви во разни бои и ги оставивме да се исушат. На 15.03.2016г. Се состанавме со родителите и ги поставивме гумите пред главниот влез.Јас донесов земја и ги наполнивме гумите со земја. Еден родител донесе расад од јагоди кои ги засадивме со децата на час по природни науки.  На 23.03.2016 г. Подготвивме известај со фотографии од изведбата и ги доставивме кај секретар за заверување. Во јуни пред крај на учебната година добив потврда за реализацијата на проектот  на МОН ,,Заедничка грижа за правилно насочување на ученици”

Одговорен наставник:
Милена Бојковска