Поткастрени дрвја, исчистен двор, есенски лисја и секако есенски садници со прекрасни цвеќиња е сегашната слика на нашето училиште. Учениците, наставниците и техничкиот персонал со помош на нашите пријатели од ЈП„Чистота и зеленило“Куманово се потрудија, и преку акцијата „Ајде Македонија“ и преку секојднено завршени обврски, Училиштето да блесне во сјајот на есенските бои. Со донација од цвеќара „Гарден“, оваа убавина беше надополнета со есенски цвеќиња во различни бои кои ги украсија предниот дел од дворот и внатрешната градина. Чест е да се работи и учи во вакво училиште!
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |