Ден на Училиштето, празничен, свечен, исполент со многу убави емоции!
Свечена седница со доделување на признание за вработените со 10 и 30 години работно искуство, положување на свежо цвеќе пред бистата на Кочо Рацин и читање на лична творба од страна на Теодора Драгановска и извонредната приредба со
обраќање на гордата директорка Лидија Пешевска, со хор од наставници и хор од ученици предводен од маестро Весна Пешевска, оркестар на Розита Трајковска,
рецитал подготвен од наставничките Весна Тодоровски и Маја Стојановска, лична творба на Андреј Стојановски, ритмичка точка од третоодделенчиња и најмасовната
ритмичка, но и најразиграната точка од 6,7 и 8 одд.
Прекрасна приредба, со многу заслужени аплаузи!
Нека ни е честит Денот на Училиштето! Само напред во нови победи и достигнувања!