По повод Св. Кирил и Методиј и Денот на просветните работници, на 23.5.2019 г. во Занаетчискиот дом Општина Куманово – Сектор за образование и Здружение на просветни работници, организираа манифеастација за прогласување на ученици на генерација 2018/2019 год.
Хорот ,,Рацин” составен од наставници како и учениците од ритмичката секција на 6 и 8 одд. ја имаа таа чест да ја разубават оваа манифестација. И двете точки предизвикаа вистинско воодушевување и сензација меѓу присутните.
Хорот ,,Рацин”, под диригентска палка на Весна Пешевска, започна со работа оваа учебна година, по иницијатива на директорката Лидија Пешевска.

Браво колешки, со својата оригиналност и весел дух се надминавме самите себе!