,,Дедо Мраз на мотор” дванаесетта година по ред во организација на мото клубот ,,Мечки” од нашиот град, денес на градскиот плоштад ги израдува најмалите и најмилите со пакетчиња и подароци, поддржани како и до сега од добронамерници и компании од Општината. Дечињата со своите родители, баби и дедовци уживаа во програмата подготвена од страна на три основни училишта, меѓу кои беа и нашите претставници: младиот музички талент Матеј Абдулкарим, кој се претстави со својата песна ,,Јас и Бетовен”, придружуван од разиграните другарките од V-3, под менторство на учителката Надица Димитриевска и прекрасната изведба на талентираната Анастасија Спасевска од IX-4 под менторство на проф. Весна Пешевска. Настанот го најавија и водеа нашите ученички Лина и Бела од седмо одделение, менторирани од Анита Димовска, а присутните ги поздрави претставник од мото клубот ,,Мечки” и градоначалникот на општина Куманово г-динот Максим Димитриевски посакувајќи им на сите среќна нова 2020та година и среќни божиќни празници.