Емотивно заврши неделата исполнета со стручни предавања, визуелно стимулативни презентации и креативна работа во групи во рамките на петдневната виртуелна активност ,,Зелени градови” организирана од училиштето Inveges од Шака, Италија, како домаќин на ученици и наставници од нашето училиште и од Шпанија, Полска и Романија преку проектот ,,Европски научен конгрес за животна средина и екологија” – ESCEI. Научивме многу за соларната енергија како обновлив извор и за фотоволтаици, за ефектот на глобалното затоплување врз промените во Средоземното море како природно живеалиште со губење и исчезнување на различни видови флора и фауна на сметка на појавување на сосема нови нетипични врсти (alien species) од другите мориња и океани заради зголемувањето на температурата на водата како и за девастирачките последици од пластичниот отпад врз екосистемот на морето. Го откривме вулканскиот остров Фернинандеа и впечатливите корални гребени. Воодушевени бевме од уникатните изработки на накит од светски познатиот корал на Шака како и од геотермалниот феномен на Сан Калоџеро и искуството на космонаути кои се подготвуваат за вселената токму во пештерите со помош на врвни спелеолози. Нашите ученици Мила Серафимовска, Теодора Апостоловска, Симона Додевска, Давид Ивановски и Дамјан Стаменковски уживаа во работата во мешани тимови со нивните врсници осмислија и создадоа идеален виртуелен зелен остров со бујна вегетација, чисто море без отпад, користење на обновливи извори на енергија со фотоволтаици и ветерници за генерирање на електрична енергија, еко превоз и капацитети за задолжително рециклирање на отпад на копно. Со нови стекнати пријателства и голема благодарност до нашите домаќини ќе се сеќаваме на овие прекрасни денови со желби за скоро видување и со заложби за почиста животна средина за сите. Grazie mille