На 11.03.2019 год. се реализираше втората активност од проектот “Велосипедизмот и спортскиот дух -здрави животни навики во современото живеење” поддржан од планинскиот велосипедски клуб “Оксижен”. Се одржаа спортски активности на обележана планинска велосипедска патека со наши ученици од VI и IX одд. под водство на тројца предавачи- лиценцирани велосипедисти со цел силно, инспиративно влијание врз младата популација за почнување на здрави животни навики.
На ден 11.04.2019 се организираше ревијална трка за учениците во училишниот двор како завршен дел од активностите со велосипедскиот клуб “Оксижен” со цел едукација за правилно вклучување во сообраќајот со превозно средство велосипед. Беа доделени дипломи и ваучери за членство во велосипедскиот клуб.