Велигденска работилница 2014/15 год.
Работилницата е реализирана во ООУ „Кочо Рацин“ заедно со партнер училиштето ООУ „Наим Фрашери“. Учествуваа еднаков број на ученици, наставници и родители од двете училишта. Во мешани групи учениците од трето, четврто и петто одделение заеднички изработија велигденски украси со поддршка на родителите и наставниците.