Велигденска работилница
Работилницата е реализирана во ООУ „Кочо Рацин“ заедно со партнер училиштето ООУ „Наим Фрашери“. Учествуваа еднаков број на ученици, наставници и родители од двете училишта, при што се водеше сметка за полова и етничка балансираност кај учениците. Во мешани групи учениците заеднички изработија велигденски украси, со поддршка на родителите и наставниците. Одговорни наставници беа: Биљана Ивановска, Ирена Атанасовска и Далибор Јовановски