Спроведена еколошка активност „АЈДЕ МАКЕДОНИЈА“
МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД
По повод акцијата “Македонија без отпад” која ја реализира Министерството за животна средина и Асоцијацијата “Ајде Македонија” три дена непрекинато во основното училиште “Кочо Рацин” се реализираше акцијата “Македонија без отпад”. Акцијата беше составена од неколку дела.
Прво на учениците им беше прочитан едукативен материјал за штетноста на отпадот и можноста од нивно рециклирање. (Училиштето секоја година активно учествува во реализација на проектот и преку едукативен материјал изготвен од страна на наставниците, при што на часовите се читаат содржини во кои се зборува за создавањето, одлагањето и рециклирање на отпад се со цел за подигање на свеста за правилно собирање и селектирање на отпад.)
Потоа беа изготвени флаери за да ја потикнеме локалната заедница за расчистување на отпадот во наштаа околина и улица. Флаерите беа поделени на најблиските соседи, маркети, хотел и институции; градинка, стоматолошка ординација, пошта и др.
Беа изготвени контејнери со натписи за отпад кој допрва треба да се селектира; хартија, стакло, пластика. Најголема акција се спроведе при полнење на контејнерот “Џери” наменет за пластика. Секоја паралелка во даден терми го полнеше контејнерот со пластчни флаши и друг пластичен отпад, акцијата доби дури и натпреварувачки дух.
Посебен акцент беше ставен на последниот ден од работната недела кога учениците по голем одмор го собираа и селектираа отпадот направен после ужина во пластични кеси со цел да осознаат колку количински се создава отпад само за еден голем одмор.
Главната акција се спроведе на 03.10.2015 год. во утринските часови кога ученици од прво до девето одделение организирани во еко тимови, заедно со наставници, родители, но и соседи.
Отпадот подоцна беше правилно селектиран во три одделни контејнери за пластика, стакло и хартија. Ученици, наставници, родители како и соседи кои живеат во близина на училиштето беа вклучени во расчистување на училишниот двор и блиската околина, во селектирање на отпад
Целта на самата акција е чистење на цела Македонија од неправилно фрлениот отпад за да се сочува Македонија чиста. Нашите ученици работеа и оваа година со голем ентузијазам и воедно секоја година учествуваме и ги подржуваме одржливите принципи за управување на отпад во Македонија.
Акцијата беше медиумски покриена од страна на ТВ К3, Радио Браво и порталот Kumanovonews.
Одговорни наставници: Лидија Крстевска и Зденка Димиќ