Со прекрасна изложба на ликовни творби, денеска се затвори четиридневниот детски ликовен камп ,,АСНОМ 2019″, кој се одржа од 17-20 јуни под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а организиран од Фондација за култура и спорт на Куманово.
На кампот учествуваа ученици од општинските училишта и од центрите за лица со интелектуална попреченост кои твореа на слободна тема од областа на сликарството, графиката и дизјнот.
Нашите ученички Леона Цветковска и Анастасија Спасевска, под менторството на Далибор Јовановски дадоа свој придонес и уживаа во четиридневната дружба.